Сценаристичка лабораторија е нов проект на Кинотеката во која секоја среда од 19 часот ќе се прави анализа на драмската структура на 12 филмски класици, а гостите – учесници ќе имаат можност одблиску да се запознаат со сите тајни – елементи, алатки и техники на сценаристичкиот занает.

-Од премиса, експозиција, главна тензија, кулминација, резолуција, конфликт, протагонист и цел, па сè до перипетии, засадување и исплата, драмска иронија, создавање тензија, активност наспроти акција, рекламирање на иднината итн. се само дел од драматуршките инструменти кои ќе бидат честа тема на овој интерактивен настан, соопшти Кинотеката.

Оваа среда (3 април) во сценаристичката лабораторија ќе биде анализиран филмот „Секс, лаги и видеоленти“ по сценарио и режија на Стивен Содерберг од 1989 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/04/2019 15:31