Поетот за деца Наум Попески на 18 и 19 април ќе учествува на меѓународниот фестивал на литература за деца „Детско царство“ во Бања Лука, кој е еден од најголемите на Балканот.

Заедно со најистакнатите автори за деца од регионов, како што се Љубовија Ршумовиќ, Слободан Станишиќ, Дејан Ѓоновиќ, Милослав Кокошара, Бранко Стефановиќ, Пеѓа Трајковиќ, Јово Чулиќ…, Попески ќе гостува и ќе претстави дел од своето творештво во основните училишта во Бања Лука и околината.

Ќе гостуваат и ученици наградени на литературниот конкурс од сите земји од регионов, а со свои литературни творби ќе учествуваат 5 000 ученици.

Наум Попески е автор на околу 20 книги за деца, меѓу кои и првиот „Бонтон за деца“ на македонски јазик и учесник е на повеќе меѓународни фестивали на литературата за деца. Негови творби за деца се застапени и во читанките, антологиите и во други книги.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/04/2019 16:33