По повод Светскиот ден на литературата за деца во библиотеката „Благој Јанков – Мучето“ од Струмица денеска беше презентирана сликовницата „Спирко Немирко“ од Ксенија Маказлиева-Трајчева.

Деца од градинките и ученици од општинските основни училишта ги разгледаа и најновите изданија на детските списанија од „Просветно дело“-„Развигор“, „Росица“, „Наш свет“, и „Другарче“.

Денешната презентација се одржа во рамки на склучениот Меморандум за соработка на Општина Струмица со издавачката куќа „Просветно дело“ од Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/04/2019 16:58