Издавачката куќа „Армагедон“ од Приштина го објави романот „Осмото светско чудо“ на Јордан Плевнеш преведен на албански јазик.

Автор на преводот е Агим Полоска, професор од Катедрата за албански јазик и литература на Филолошкиот факултет во Скопје. Во текот на април изданието ќе биде промовирано во Приштина, Скопје и Тирана.

Со преводот на албански, романот „Осмото светско чудо“ на Плевнеш досега е преведен на 17 јазици.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/04/2019 17:24