Влезниците за премиерата на долгоочекуваниот нов Марвелов спектакл – „Одмаздници: Крај на играта“, беа пуштени во продажба вчера, но се чини дека веднаш се распродадени, па на интернет веќе почна и препродажба, но и наддавање.
Taкa, на И-Беј веднаш се појавија четири влезници за премиерата во Чикаго по цена од 5.000 доплари. Друг корисник, пак, нуди два билета за премиерата во Њујорк по цена од неверојатни 9.199 долари.
Има и „поповолни понуди“ од 125 до 500 долари.
Во Велика Британија, пак, препродажните интернет-цени се движат од 125 до 380 фунти.