По повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април, здружението на граѓани „Ромаверзитас“ организира ораторски настапи на тема „Ромскиот народ – минато, сегашност, иднина“.
Третата ораторска вечер ќе се одржи во Македонскиот народен театар (МНТ), а ќе настапат шестмина оратори на различни теми.
Настанот има цел, преку ставовите на ораторите, да ги отслика реалното секојдневие и предизвиците на Ромите во минатото, сегашноста и иднината и да постигне пошироко внимание на релевантни и засегнати чинители.