Во Центарот за култура-Битола вечер од 19 часот предавање на тема „Културното наследство – спој меѓу народите“ ќе одржи Дејан Ристиќ од Србија.

За стручната јавност тој ќе говори и одговори на прашањето како се чува и како се управува со културното наследство, како и за иницијативите Балканскиот Полуостров да биде препознатлив на светските културни и туристички мапи.

Дејан Ристиќ вршел повеќе јавни функции во соседна Србија. Основач е на Фондација на Народната библиотека на Србија и иницијатор на тамошниот Национален ден на книгата кој се одбележува на 28 февруари.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/04/2019 16:23