Културно-информативниот центар „Романса” во Македонска Каменица синоќа ја организираше монодрамата „Драга Јелена Сергеевна” во соработка со „Про арте“ од Куманово, по текст на руската авторка Људмила Разумовска и во режија на Кети Дончевска-Илиќ.

Во изминатиот период имаше неколку настани кои ја збогатија културната понуда за каменичани, меѓу кои беше и џез-фестивалот „Jazz Fortnight“. Оваа година се очекува да почнат и филмски проекции откако ќе биде поставена новата киноопрема до крајот на јуни. Културно-информативниот центар „Романса” неа ќе ја добие во рамки на меѓуграничен проект со бугарската општина Белица.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/04/2019 16:38