Сатиричарот Миле Ѓорѓијоски е победник на третиот меѓународен фестивал на хумор и сатира „Раковица 2019“ во Србија, во категоријата афоризми, на кој пристигнале повеќе од илјада афоризми на автори од целиот Балкан.

Признанието на нашиот сатиричар ќе му биде врачено на 10 април во културниот центар во општината Раковица. Оваа е трета награда што Ѓорѓијоски ја добива годинава, по освоените „Радое Домановиќ“ и плакетата на ИФАК „Струмица 2019“.

Ѓорѓијоски за МИА изјави дека во моментов работи на третото дополнето издание на книгата „Трагачи по парадокси“, во кое ќе бидат застапени педесет најзначајни сатиричари од цела Европа.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/04/2019 16:57