Фудбалерот на Барселона, Филипе Кутињо ја отфрли можноста да се врати во Премиер лигата ова лето, инсистирајќи дека е среќен во Барселона и сака да остане кај каталонците. Бразилскиот полудефанзивец има потешкотии со тоа да најде место меѓу стартерите на Ернесто Валверде, откако пристигна на „Ноу Камп“од Ливерпул во јануари 2018.

– Во моите мисли е само и единствено Барселона. Враќање во Англија не влегува во моте планови. Ова е моја втора сезона тука. Освоив веќе неколку трофеи, но јас секогаш сум бил амбициозен. Затоа сакам нови титули. Јассум среќен сум, сакав да играм во Шпанија и јас сум во најдобриот клуб во земјата, изјави Бразилецот.

Кутињо започна како стартер во 19 од 31 натпревари во сезоната во Ла Лига и беше меѓу стартните единаесет на Валверде при успехот над Атлетико Мадрид со 2:0, што ги остави „јорганџиите“ на 11 поени од каталонците во битката за шампионската титула.

За тимот претстои гостување кај Манчестер Јунајтед во првиот четвртфинален судир од Лигата на Шампионите во среда навечер.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/04/2019 14:28