Напаѓачот на Челзи, Гонзало Игуаин најави дека нема да го напушти лондонскиот клуб. Аргентинецот е опција за нападот на Рома.
– Среќен сум овде. Секогаш е убаво да се пробаш во нова лига и тоа е мојот прв обид во Премиер лигата. Очигледно е дека сега има период во кој се адаптирам, но се надевам дека тоа нема да биде долго и ќе можам да ја завршам сезоната добро. Најдобро што можеме да го постигнеме е да се пласираме во Лигата на шампионите и да се надеваме дека ќе ја освоиме Лига Европа, вели напаѓачот.
Според него, основната цел е тимот са заврши во топ 4, така што ќе може да настапи во ЛШ, што би привлекло и други играчи во клубот.
– Можеме да го подобриме составот за следната сезона, да ја завршиме тековната сезона добро и да ги направиме луѓето среќни. Што се однесува до мене, сакам да дадам се од себе за да останам тука следната сезона. Тоа е моја намера, дојдов тука и сакам да останам. Лондон е добар град, можете да живеете добро и мирно, како и да уживате во животот. Затоа сакам да останам тука, изјави Гонзало Игуаин.
Триесет иедно-годишниот Аргентинец во тековната сезона запиша 7 натпревари во Премиер лигата и постигна 3 гола. Тој игра под наем, а неговиот договор е со Јувентус, но Челзи има опција за откупување. Првата половина на сезоната Игуаин ја помина во Милан.