Министерот за култура Асаф Адеми денеска ја посети Националната установа „Спомен-куќа на Мајка Тереза“, посветена на светицата Мајка Тереза.

Во рамките на посетата, како што соопштуваат од прес-службата на Министерство за култура, министерот Адеми од директорот на установата Ариан Асланај бил запознаен со активностите на оваа национална музејска установа, која годинава одбележува значаен јубилеј – 10 години од своето постоење, како и со проектите што се реализираат со поддршка од Министерството за култура.

-Во тој контекст, директорот Асланај информираше дека во музејот, кој е еден од најпосетените во градот, е поставено ново осветлување, а во завршна фаза е и реконципирањето на постојаната поставка, која ќе биде збогатена со нови фотографии, оригинални документи и артефакти поврзани со животот и делото на големата хуманистка и добротворка Мајка Тереза, се наведува во соопштението од Министерството за култура.

Министерот Адеми бил запознаен и со текот на подготовките на оваа установа за претстојната посета на поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, првиот папа што ќе ја посети нашата земја.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/04/2019 12:51