Државата вложува во поддршка на домашното стопанство и во поттикнување на странските инвестиции. Тоа е моделот преку кој заедно со граѓаните и со бизнисите создаваме силна економија во која постои шанса за успех на секого. Ова го објави вечерва премиерот Зоран Заев на неговиот официјален фејсбук профил.

На прашањето кое започнува со „колку?“, Заев вели дека најпрезицно се одговара со факти и презентира преглед на клучните економски постигнувања во нашата земја на полето на инвестиции и отворање нови работни места.

– Во 2018 година отворени се вкупно 26.600 нови работни места во нашата земја со кои невработеноста падна на рекордно ниски 19,4 отсто. Минатата година во земјава влезе рекордно ниво на странски директни инвестиции кое изнесува 624,5 милиони евра, што е за 2,6 пати повисок износ во споредба со просекот во изминатите осум години. Околу 1.000 нови работни места се отворени само во производствените погони на странските инвеститори. Според бизнис плановите на компаниите оваа бројка ќе расте во следните години до околу 5.000 нови работни места, пишува премиерот Заев.

На фејсбук сатусот на премиерот Заев пишува дека нови странски инвестиции кои почнаа со работа, се во градба, а почнуваат со градба или се во втора фаза на инвестирање:

Чагатај Кабло од Турција во ТИРЗ Скопје 1 (автомобилска индустрија за електрични инсталации со 100-тина вработени во моментов)

ВИК од Германија во ТИРЗ Прилеп (апарати за домаќинство со 200 вработени со таргет до 1000 вработувања)

Теламон од САД во Скопје Инџиково (браунфилд објект, електрични кабли за автомобилска индустрија со 70 моментални вработувања, до 300 вработувања во прва фаза и краен таргет до 830 вработувања)

Cranfield Foundry од Русија во Пробиштип (модерна леарница за автомобилска индустрија со инвестиција со моментално 40 вработени, 90 до крајот на годината и таргет до 280 вработувања) Баумер Швајцарија во ТИРЗ Скопје 1 (сензори, декодери и други електронски компоненти со околу 200 работни места)

Мурат Тичарет од Турција во ТИРЗ Скопје 2 (автомобилска индустрија, електрични инсталации и кабли евра со околу 300 вработени)

Дура САД во ТИРЗ Скопје 2 (автомобилска индустрија, надворешни трим делови, до 500 вработувања)

Кеслер Германија во ТИРЗ Скопје 1 (електромотори со 150 вработувања) Саген Албанија во ТИРЗ Скопје 1 (фармацевтска индустрија, до 100 вработувања) Reci & Sons иселеници во САД, во ТИРЗ Струга (хемиска индустрија, средства за чистење и хигиена, 250 вработувања)

Џемдаг Лајтенинг од Турција во ТИРЗ Скопје 1 (производство на опрема за осветлување и фотоволтаични панели, до 200 вработувања)

Доган Отомотив од Турција во ТИРЗ Скопје 1 (автомобилска индустрија со 50 вработени) Балканлар пластик од Турција во ТИРЗ Скопје 1 (амбалажа за градежна и прехранбена индустрија со 80 вработени)

Зенит од ОАЕ во ТИРЗ Скопје 1 (производство на грејачи за бојлери со 80 вработувања)

Герешајмер од Германија во ТИРЗ Скопје 1 (амбалажа за медицинска и фармацевтска индустрија, до 500 вработувања)

Малхотра Кабелс од Индија во ТИРЗ Скопје 2 (производство на кабли во автомобилска индустрија, со 130 планирани вработувања)

ODW Електрик од Германија, 2-ра фаза во ТИРЗ Струга (автомобилска индустрија за жични склопки со 90 нови работни места)

Диатек Италија, 2-ра фаза инвестиција во ТИРЗ Скопје 1 (производи од пластични маси и преработка на хартија, 30 нови работни места, што е дуплирање на бројот на вработени во нивната компанија) Костал од Германија во ТИРЗ Струга (електронски и мехатронски делови во автомобилска индустрија со 330 вработени)

– Околу 200 компании со доминантна домашна сопственост се поддржани во 2018 година преку Фондот за иновации и технолошки развој, со околу 20 милиони евра државна помош. Овие компании вработиле или се во процес на вработувања на 800 лица со просечен износ на плата над 40.000 денари, што е околу 60 отсто над просечната плата, пишува Заев.

Агенцијата за вработување, како што се наведува, со 16,4 милиони евра во 2018 година поддржала 1191 бизниси отворени од наши граѓани кои ја искористиле мерката за самовработување. Од овие лица 509 се млади до 29 години, а 450 се жени. Поддршката вклучува и обуки, преквалификации, вработувања ранливи категории граѓани, практикантства и слично.

Министерството за економија, пак, поддржало 160 компании преку Програмата за конкурентност, иновации претприемништво, при што исплатени се 760 илјади евра на овие правни субјекти.

– Оваа Влада издаде лиценци и на 15 компании со домашен и странски капитал кои одгледуваат канабис за медицински цели, со вкупна инвестиција од над 40 милиони евра и околу 300 нови вработувања. Станува збор за следниве компании и производства: Каба Хербал во Кочани, Оаза алкалоиди во Карбинци, Медицал 420 во Битола, 5 летерс во Ресен, Мам во Свети Николе, АЦПВ во Гостивар, Фарма Медика Канабис во Валандово, Ф&M 2017 во Гостивар, Фармаролли во Скопје, Греен лифе во Валандово, Канабис про во Струмица, Т.Х.Ц. Куалити гроуп во Росоман, Хелтх медикал солутионс во Гевгелија, Бул-Билдинг во Струмица и РСБ солутионс во Карбинци, пишува премиерот Заев.

Тој наведува дека преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство завршени се 794 инвестиции на фирми, земјоделци, и инвестиции во капацитети и набавка на опрема со кои беа склучени договори од првиот повик од ИПАРД 2 програмата.

– Доделени се 424 грантови за поддршка на млади земјоделци. Ова се резултатите од економските ангажмани на Владата во минатата година. Во 2019-та, годината посветена на економијата очекувам уште поголем раст и развој, фејсбук сатусот на премиерот Заев.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/04/2019 22:31