Продажните цени на производителите на индустриски производи на месечно ниво се повисоки за 1,3 отсто, а се пониски за еден отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Во февруари 2019, во споредба со јануари 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во секторот рударство и вадење камен за 3,1 отсто, во секторот преработувачка индустрија за 1,2 отсто и во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,1 отсто.

Во февруари 2019, во споредба со февруари 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се пониски во секторот рударство и вадење камен за 19,3 отсто и во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,9 отсто, а во секторот преработувачка индустрија се повисоки за еден отсто.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/04/2019 14:32