Во Младинскиот културен центар вечер од 20 часот ќе биде отворена возобновената изложба „Современа скулптура“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ).

Ќе учествуваат 24 современи автори со 30 дела и ќе биде доделена награда „Боро Митриќески“ именувана по академскиот скулптор, под покровителство на неговото семејство.

До згаснувањето во 1980-тите години изложбата се организирала насловена „Ситна пластика“ и претходно „Современа македонска скулптура“.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/04/2019 17:16