Филмскиот критичар и уметнички директор на фестивалот „Браќа Манаки“, Благоја Куновски-Доре, ќе претседава со жирито на филмската критика ФИПРЕСЦИ на 41.Интернационален филмски фестивал во Москва (МИФФ), кој ќе се одржува од 18 до 26 април.

Претседавањето со жирито на критиката на московскиот филмски фестивал, кој е од А категорија и меѓу 10-те најголеми во светот, е на предлог на генералниот секретар Клаус Едер,

Куновски досега бил претседател на жиријата на ФИПРЕСЦИ на фестивалите во Истанбул, Ротердам, Гетеборг, Стокхолм, Женева, Бидгошч.

Жирито на ФИПРЕСЦИ на фестивалот во Москва ќе ја вреднува главната компетиција и од 13 селектирани светски филмови ќе избере еден што ќе ја добие престижната награда на светската критика.

Покрај Куновски како претседател, членови на жирито на ФИПРЕСЦИ во Москва ќе бидат критичарите: Андреј Василенко од Русија, Андони Итурбе Толоса од Шпанија, Елена Рубашевска од Украина и Сањин Пејкович од Шведска.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/04/2019 18:02