Напаѓачот на Сампдорија, Фабио Кваљарела се радува на, како што вели, втората младост што ја доживува во клубот од Џенова.
– За мене Сампдорија е се. Многу му должам на овој тим. Од првиот момент ја почувствував нивната доверба. Ми дозволија да доживеам втора младост, да бидам дел од репрезентацијата и јас сум среќен. Се чувствувам како дома, ја чувствувам љубовта кон навивачите, изјави 36-годишниот фудбалер.
Во тековната сезона, Кваљарела настапи на 32 натпревара за Сампдорија, постигна 21 гол и направи седум асистенции.
Тој исто така, доби повик до италијанската репрезентација, каде што постигна гол во квалификациите за Европското првенство 2020 против Лихтенштајн (4:0).