Крилото на Баерн Минхен, Ариен Робен е загрижен дека веројатно нема повеќе да го облече баварскиот дрес на официјалниот натпревар.

Робен е надвор од теренот од ноември кога последен пат играше во Лигата на шампионите против Бенфика и постигна два гола за победата со 5:1. Холанѓанецот третира повреда и веројатно нема да закрепне до крајот на сезоната кога истекува неговиот договор со Баерн.

– Веќе мислам дека нема да можам да играм повторно за Баерн. Тоа е малку очајно, бидејќи не е јасно каква е точна повредата. Има интерес од клубови за следната сезона, но прво сакам да продолжам со тренинзи, а потоа ќе одлучам каде да одам, рече 35-годишниот Робен за „Скај Спортс“.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/04/2019 16:21