Министерот за култура Асаф Адеми оствари работна средба со Серхат Кула, директор на Турскиот културен центар – Институт „Јунус Емре“, на која разговараа за досегашната соработка и за проектите што ќе се реализираат во 2019 и 2020 година.
-Соговорниците се согласија дека во изминатиот период се реализираа голем број настани преку кои со различни културни содржини пред публиката беше промовирана турската култура и традиција. Тие изразија уверување дека и во периодот што следува ќе се реализираат нови проекти преку кои ќе се интензивира соработката во областа на културата помеѓу двете земји, соопшти Министерството за култура.
Директорот на „Јунус Емре“ му се заблагодари на министерот Адеми за неговите напори за заокружување на процедурата околу објектот Куршумли ан, каде што е превидено да биде сместен Турскиот културен центар.