Во рамките на кампањата „Фраерски е да се чита”, денеска од 12.30 часот во книжарницата „Три“ во ГТЦ ќе се одржи дружење на млади читатели со Билјана Црвенковска, писателка на книги за деца.

-Младите вљубеници во книгата ќе имаат можност да поразговараат со неа на различни теми, да поставуваат прашања и да разменат идеи откривајќи го магичниот свет на книжевноста, соопшти Издавачки центар „Три“, кој минатата недела ја почна акцијата „Фраерски е да се чита – недела на кул книги во Три“.

-Целта на кампањата е да се приближи помладата читателска публика до книжевноста и да се поттикне читањето, соопшти издавачот.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2019 16:44