На конкурсот за шестото издание на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ се пријавил 161 поет. Конечниот список со учесници кои ќе конкурираат за наградите се очекува да биде познат до крајот на април, до кога тричлената жири-комисија ќе го врши оценувањето.

– Сакаме да им заблагодариме на сите кои испратија свои песни на конкурсот. Горди сме што успеваме да го побудиме интересот, да ги мотивираме, инспирираме поетите и што одџивот секоја година е сé поголем, велат од Здружението за култура „СЛОВО 21“, организатори на фестивалот.

Организаторите информираат дека бројот на пријавени досега е најголем. Интерес за учестово на конкурсот, кој траеше еден месец, пројавиле автори од Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија и Бугарија.

Фестивалот доделува Гран при, прва, втора и трета награда, награди за најдобар странски автор и најуспешна млада искра.

Поетскиот фестивал „Литературни искри“ се одржува во чест на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители. Годинашното издание е поддржано од Министерството за култура, Општина Гостивар и Центарот за култура „АСНОМ“.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2019 17:26