Министерот за култура Асаф Адеми, кој е дел од владината делегација предводена од премиерот Зоран Заев, учествува на осмиот Самит на шефови на владите на земјите од Централна и Источна Европа и на Народна Република Кина од Процесот 16+1, кој вчера и денеска се одржува во Дубровник.
– На маргините на Самитот, министерот Адеми оствари повеќе билатерални средби со своите колеги од регионот, а ќе учествува и на панел-дискусиите посветени на развојот на културната соработка во рамките на Процесот 16+1, соопштија од Министерството за култура.
Имено, Министерството за култура и Координативниот центар за културна соработка меѓу Кина и земјите од ЦИЕ од 19 до 21 ноември оваа година ќе бидат домаќини на министерскиот Форум за културна соработка на кој ќе се разговара за идната соработка во делот на културата меѓу Кина и земјите од ЦИЕ.