Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон беше задоволен од денешната победа на трката возена за Големата награда на Кина. Тој во Шангај стартуваше од втората позиција, но веднаш го презеде водство и на крај победи.

– Се разбира, ова е посебно чувство – да победиш на 1000-тата трка во Формула 1 шампионатот. Победата има посебна тежина, бидејќи Ботас беше многу брз целиот викенд. Ние стигнавме до еден-два победа што е многу важно за тимот. Ова е фантастична тимска работа. Не знаевме што да очекуваме кога пристигнавме овде. Почетокот беше од големо значење. Сè што се работеше беше совршено, како сонување. Но ситуацијата е напната. Вие не знаете што да очекувате во секоја од следните трки. Ферари може да одговори, Ред бул е исто така во играта. Сезоната ветува дека ќе биде возбудлива, изјави Хамилтон.

Во пласманот на Формула 1 шампионат лидер е Хамилтон со 68 бода, пред клупскиот колега Валтери Ботас со 62, трет е Макс Верстапен од Ред Бул со 39 бода.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/04/2019 09:28