Русија го поздрави цврстиот став на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, како одговор на притисокот на САД врз Анкара поради договорот за купување на рускиот ракетен систем С-400, изјави портпаролот на Кремљ Дмитри Песков.

Според него, притисокот на САД е без преседан. -Веруваме дека само таква позиција ни овозможува да изградиме слободен и суверен дијалог, рече Песков, додавајќи дека само неколку земји во светот можат да се однесуваат на суверен начин, а меѓу нив се и Русија и Турција.

Пред пет дена, американскиот државен секретар Мајк Помпео ја предупреди администрацијата на Ердоган дека Анкара нема да биде подобна за производство на делови за авионите Ф-35 поради купување на руски ракетни системи С-400.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/04/2019 09:31