Во рамки на кампањата „Фраерски е да се чита – недела на кул книги во ТРИ“, чија главна цел е поттикнување на свеста на младите за читањето и приближување на книгата до нив, Издавачки центар ТРИ го збогати фондот на школската библиотека во ООУ „Крум Тошев“ од с. Трубарево со одбрани книги за млади.
Од денес учениците од ООУ "Крум Тошев" ќе имаат на располагање нови 200 извонредни наслови преку кои ќе се обидуваме да им го доближиме чудесниот свет на книгата и да ги поттикнеме таа да им стане секојдневје и верен пријател во животот.
Искрено се надеваме дека учениците ќе уживаат во новите авантури што ги чекаат меѓу кориците!