Двајца млади донираат облека за матурска вечер на матуранти од социјално загрозени семејства. Се работи за 21-годишниот Димитар Аврамов од Неготино и една година помладата Михаела Димитријевска од Крива Паланка кои студираат во соседна Бугарија, програмирање и забен техничар.

-Се што сакаме, е да донесеме среќа за двајца матуранти, момче и девојче. Да се чувствуваат убаво на својата матурска вечер, со радост да ја прослават и по тоа да ја паметат, рече Аврамов за МИА.

Истовремено, сопственичка на козметичко студио од Неготино, донира шминкање и средување на нокти за две матурантки, кои самите не можат да си го дозволат тоа. Аврамов вели дека интересот за донирање пред матурските вечери се зголемува и многумина други се заинтересирале за иницијативата на овој млад пар, па биле најавени и други донации од хумани луѓе.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/04/2019 20:12