Создавање нова, професионална и непартиска јавна администрација. Тоа ќе биде приоритет на мојот мандат како иден градоначалник на Охрид доколку ја добијам довербата на граѓаните, изјави кандидатот за градоначалничката функција Стевче Стевоски.
Тој истовремено најави ревизија на работењето на директорите на јавните претпријатија во градот за изминатите 28 години, со најава за резрешување на сите кои работеле спротивно законот и награда и унапредување на оние кои одбиле да работаат спротивно интересите на градот.
– На нивно место ќе бидат поставени непартиски кадри, што ќе бидат избрани на отворени јавни конкурси преку Бирото за вработување, истакна Стевоски.
Изборната програма на Стевоски содржи 10 точки, како што нагласи исто толку причини заради кои смета дека граѓаните на Охрид не треба да гласаат за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ.
Дел од тие точки се плановите за создавање општинска комунална полиција што ќе се бори против урбаната мафија за која смета дека владее со градот, потоа одредби за доследно спроведување на законите, прописите и одлуките донесени од страна на Советот на Општина Охрид меѓу кои Законот за градба, Законот за угостителска и туристичка дејност, за екологија за заштита на животната средина, за третман на отпад, законот против бучавата и слично.
*Платено политичко рекламирање