Македонските тенисерки со победа го започнаа учеството во ФЕД-купот откако славеа со 3:0 во победи против Конго.

Првата победа за Македонија ја донесе Магдалена Стоилковска, откако со 6:2, 6:3, славеше против Глори Мфумангана. Во вториот меч Лина Ѓорческа беше убедлива против Виктори Мфумангана откако загуби само еден гем – 6:0, 6:1.

Во натпреваротво двојки, Ѓорческа и Стоилковска успеаја да слават против Глори и Виктори со 6:4, 6:0 за третата победа во меѓусебните дуели.

Нашите тенисерки утре ќе играат против Косово.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/04/2019 00:35