- Сметам дека на градот Охрид му требаат квалитени луѓе во општинската администрација кои ќе знаат како да го подобрат животот на Охриѓаните, како да придонесат да се развие економијата во Охрид и пред се да го спречат „лудилото“ кое му се случува на Охрид од осамостојувањето па се до денес, истакна кандидато за градоначалник на Општина Охрид Стевче Стевоски во телевизиската дебата на Телевизија 24.
Стевоски додаде и дека се додека не се одговара за направените криминални дејанија кои допринесоа општина Охрид да биде задолжена околу 50 милиони евра, развојот на градот ќе стагнира.
- Причинско последичната врска зошто Охрид се наоѓа во оваа состојба на сите ние позната. Охрид како локална самоуправа сите овие години плаќа енормни камати. Во 2013 година, долгот достигна и до 17.000 евра на ден. Таквата ситуација е резултат на две кривични дела. Злоупотреба на службена должност и несовесно работење во службата. Ако ги гледаме фактите криминалните дејанија кои се направени во општината резултираа со 50 милиони евра долг и за тоа мора некој да сноси одговорност, додаде Стевоски.
*Платено политичко рекламирање