- Неспорен е фактот дека урбаната владее во градот Охрид. Денеска во Охрид сме сведоци и можеме да видиме згради кои ги надминуваат предвидените габарити. Ние денеска без проблем дивоградбите, надградбите и доградбите ги легализираме. Запустен и узурпиран е целиот кеј од згради и викендици. Јас како градоначалник нема да го дозволам тоа и ќе го спречам уништувањето на градот Охрид, исктакна кандидатот за градоначалник на Општина Охрид, Стевче Стевоски во дебатната емисија на Телевизија 24.
Стевоски додаде и дека еден од неговите најголеми проекти ќе биде воведување на локална комунална полиција која според него ќе создаде ред во хаосот кој што владее во Охрид.
- На Охрид му треба реорганизација, оформување на нова организациона единица општинска комунална полиција, во која што сите инспекциски служби а за кои сите знаеме дека затајуваат и во нив има корумпирани поединци, ќе бидат контролирани и казнувани за несовесно работење, додаде Стевоски.
*Платено политичко рекламирање