- Денеска, наспроти Чинарот имаме објект за кој што е дадена забрана за понатамошна градба. Но се поставува прашањето зошто забраната дојде во моментот кога објектот е изграден до покрив. Каде беа инспекциските служби да си ја завршат работата. Фактите велат дека во сред чаршија ние имаме узурпација на земјиште. Јас како градоначалник нема да дозволам да се случи такво нешто, истакна кандидатот за градоначалник на општина Охрид поддржан од партијата „Демократи“ Стевче Стевоски.
Тој додаде и дека со сите сили ќе се бори хаосот кој владее во градот.
- Ќе се борам против хаосот во урбанизмот, против хаосот во општинската администрација, против хаосот во туризмот, против хаосот во екологијата. Од Охрид ќе направам модерен град и поубаво место за живеење за нашите сограѓани, додаде Стевоски.
*Платено политичко рекламирање