Во Културно-информативниот центар на Македонија во Софија вечерва ќе се одржи промоција на бугарското издание на книгата „Секој со своето езеро“ од македонскиот писател Ненад Јолдески.
„Секој со своето езеро“ излегува во превод на Тања Попова и издание на „Персеј“, во поредицата, потпомогната од програмата „Креативна Европа“ . Книгата, која разкажува мали стории за големи нешта и важни луѓе, вклучува 14 кратки раскази – напрегнати, драматични, меланхолични и иронични. Тие се потопени во атмосферата на шармантниот мал град, чии жители постепено намалуваат. Во последните години Струга, родниот град на авторот, и Охридското езеро, имаат претрпено катастрофални промени и го имаат загубено својот поранешен автентичен изглед. На фонот на загрижувачки градски пејзажи се поставени проблемите за стареењето, љубовта и тагата.
Невообичаени во својата структура, расказите во зборникот „Секој со своето езеро“ преплетуваат лични и урбани стории, документарна проза и уметничка литература, длабока почит кон родителите и обичните луѓе.
Првата книга на Јолдески „Штамата на Енхалон“ победува на конкурсот НОВИТЕ (2009) – тоа е зборник со раскази, напишани на струшки дијалект и сленг. Неговата втора книга, исто така зборник со раскази, „Секој со своето езеро“, ја добива наградата за литература на Европската унија. Во 2018 година излегува неговиот роман „Пливање спротиводно“ што е номиниран за наjпрестижната литературна награда вo Македониja – „Роман на годината“.