Македонскиот уметник, стрип мајстор и карикатурист Златко Крстевски учествува со свое дело на меѓународната изложба во Alpen Chaam во Холандија.
Делото е под наслов „Azilum“ (Азилант), со ангажирана тематика од актуелните случувања. Ова дело на Крстевски беше изложено во рамките на симпозиумот „Expecition Templar“ во Алпен, а од мај до октомври ќе биде изложено и во уметничкиот центар „Јеронимус Бош“ („Jheronimus Bosh“).
Поставката е во организација на музејот M.I.I.M.A. Учеството на ваква реномирана меѓународна изложба, како што вели Крстевски е голема афирмација за еден уметник, воопшто.