Светскиот рекет бр.3 и минатогодишниот полуфиналист на „Мастерс“ турнирот во Монте Карло, Александар Зверев продолжува во третиот круг по победата над канадскиот млад играч Феликс Оже-Алиасим.
Германецот триумфираше за 1 час и 18 минути игра со 6-1, 6-4, а во следната рунда ќе се соочи со бр.13 во шемата, Фабио Фоњини.
Камерон Нори и Тејлор Фриц исто така се квалификуваа за третото коло во Монте Карло. Британецот го победи Мартоњ Фучович по 7-6 (3), 6-3, додека Американецот се справи со отпорот на Аргентинецот Диего Шварцман – 6-4, 6-2.
Нори ќе се сретне со квалификантот Лоренцо Сонего во спор за место во четвртфиналето, а Фриц ќе има тешка задача да се спротивстави на светскиот бр.1 – Новак Ѓоковиќ.