Општина Аеродром и ЈП „Комунална хигиена“ ќе реализираат акција за собирање кабаст отпад почнувајќи од петок, 19 април до среда, 24 април.
Акцијата ќе ги опфати следниве локации: 1. Паркот во Мичурин кај трафостаницата 2. Улица „23 Октомври“ бр. 9 3. ТЦ „Три бисери“ спроти кафеана „Пајтон“ 4. Улица „Коста Новаковиќ“ бр. 48 5. Зад ТЦ „Бисер“ (зад зграда бр. 74) 6. Улица „Јане Сандански“ бр. 65 7. Улица „АСНОМ“ бр. 68 и 72 (стара Стела) 8. Ново Лисиче – парк „Нинберг“ 9. Ново Лисиче ‒ ул. „АСНОМ“ бр. 158 во близина на градинката „Буба Мара“ 10. Реонски центар „Аеродорм“ во близина на КАМ маркет 11. Населба Лисиче – кај трговскиот центар 12. Улица „Тодор Чангов“ – автобуска постојка бр. 17 (претпоследна) меѓу улиците 44 и 48 (кошаркарско игралиште)
Под кабаст отпад се подразбира мебел и делови од мебел, бела техника, електрични апарати за домаќинство (шпорети, ладилници, машини за перење алишта и садови, бојлери и слични предмети), електронски апарати (компјутери, телевизори, музички системи и сл.), но не и градежен шут.
Општина Аеродром ги повикува граѓаните да го остават кабастиот отпад пред своите домови доколку живеат во куќа, или до најблискиот контејнер, по што екипите ќе го соберат отпадот.