Во Сатиричен театар во Софија почнаа подготовки за меѓународна изведба на „Глобална комедија“ – најнова драма на драматургот Јордан Плевнеш.

Драмата ќе ја режира Патрик Вершурен од Франција, а главните улоги ќе ги толкуваат бугарските актери Александра Срчаџиева и Теодор Елмазов. Сценографијата е на Бојана Семерџиева, звучниот дизајн е на Мартин Каров, а песните за ќе ги компонира Константин Плевнеш.

Премиерата во Софија ќе биде на 2 декември 2019. Со бугарските актери и со француските Франсоа Клавие и Наташа Машкиевич оваа претстава ќе се игра и во парискиот театар „Белвил“ на почетокот на идната година.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/04/2019 19:28