Деби-романот на Илија Каров „Приказната за човекот што ги прекрши сите ветувања“ ќе биде промовиран денеска на Булеварот на книгите.

Според издавачот на делото, Илија Каров иако по професија е режисер и сценарист, со овој текст покажува дека тој лесно би можел да биде и писател.

Раскажувајќи ни ја животната приказна за Бојан, или поточно речено, научниот експеримент „Адам 01“, тој, се посочува, во прв план ги поставува незгодните суштествени прашања, која е вистинската одлука кога човекот влегува во божјиот ресор и е создател на една нова, чиста и супериорна форма на живот – и што да прави кога тој „над-човек“ воедно се претвора во блудниот син што престанува да ги следи изричитите наредби на својот „татко “ и тргнува по свој сопствен пат на себеспознание.

-Во прекрасно излеано темпо, авторот го прествавува влијанието што опасниот и навидум грд надворешен свет го има врз Бојан. Неговата потрага по одговори, исклучителна наивност и чисто срце, го одведуваат на едно осознавачко патешествие низ прекрасно опишаните предели на Скопје – кадешто тој ја сретнува својата прва искрена љубов, но во исто време ја вкусува горчината на измамата и предавството, се наведува за делото.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/04/2019 16:27