Книжевно пладне со писателот Трајче Кацаров ќе се одржи денеска во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје.

На средбата ќе биде промовиран неговиот роман за деца „Не паркирај гаража“, добитник на наградата за литература за деца „Ванчо Николески“ на ДПМ за 2018 година.

Романот ќе го промовираат Мито Сапасевски и Христо Петревски, а извадоци од награденото дело ќе читаат ученици од ОУ „Коле Неделковски“ од Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/04/2019 16:29