За творештвото на романсиерот, раскажувач и поет Димитар Башевски ќе зборуваат неговите колеги од Македонскиот ПЕН-центар на настанот што вечерва ќе се одржи во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“.
Авторскиот портрет на Башевски ќе почне од 19 часот и ќе го опфати неговот поетски опус, на кој ќе се осврне Катица Ќулавкова, и неговите прозни дела, кои ќе ги разгледа Ермис Лафазановски.
Димитар Башевски (р. 1943 во Ѓавато, Битолско) е автор на романите Туѓинец (1969), Нема смрт додека ѕвони (1980), Круг (2017), на збирката раскази Мајсторот (2013) и на стихозбирките Куќата на животот (1987), Привремен престој (1995) и Во дланката своја си гледам (2010), меѓу другите.
Работел како новинар, дописник, уредник и директор на издавачката куќа Култура, а бил претседател и на Македонскиот ПЕН-центар од 2000 до 2006.
Добитник е на наградите „11 Октомври“, „13 Ноември“, „Рациново признание“ и „Роман на годината“ (за Бунар, во 2001).
Авторскиот портрет е дел од низата настани што ги организира Македонскиот ПЕН-центар во соработка со НУБ „Св. Климент Охридски“ за да ги промовира делата на своите членови.