Првите два фаворита на Мастерсот во Монте Карло, Монако, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал ќе играат во четвртфиналето. Тие во денешните мечеви од осминафиналето со сигурна игра ги совладаа своите ривали.

Ѓоковиќ (Србија) во два сета беше поуспешен од Фриц (САД) – 6:3 и 6:0. Негов следен противник е Данил Медведев.

Надал (Шпанија) го совлада Григор Димитров (Бугарија) со 6:4 и 6:1. Ривал на Шпанецот во четвртфиналето ќе му биде Гвидо Пела од Аргентина.

Пласман меѓу осумте најдобри обезбедија и Душан Лајовиќ кој ќе игра со Лоренцо Сонего, додека Фабио Фоњини за противник го има Борна Чориќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/04/2019 19:58