Десетици илјади демонстранти денеска се вратија на алжирските улици за да ги истакнат барањата за целосни демократски промени по оставката на долгогодишниот претседател Абделазиз Бутефлика, по шестнеделните масовни протести.

Парламентот именуваше преоден претседател, а изборите се закажани за 4 јули.

Како што пренесуваат странските агенции, заминувањето на Бутефлика на 2 април, сепак, не беше доволно за голем број Алжирци кои бараат целосна смена на елитата која доминира во земјата од стекнувањето независност од Франција во 1962 година.

Демонстрантите кои повторно се собрааа во градовите низ Алжир бараат широки реформи, вклучувајќи и политички плурализам и акции против корупцијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/04/2019 17:41