Отворена е истрага за „организирана измама” против лица кои објавија лажни апели за донации за финансирање на реконструкцијата на Нотр Дам , соопшти јавното обвинителство на Париз, кое истовремено повикува на „будност”, јавува дописникот на МИА .

Оваа истрага беше иницирана како резултат на тужбата на Фондацијата за наследство против лица кои го искористија контекстот за измама и да бараат донации во нејзино име. Според обвинителството, овие лица продолжуваат „преку телефонски повици или преку испраќање пораки кои ги покануваат примачите да ги испратат своите донации со пренос во корист на банкарска сметка чиј извод се пренесува како прилог”. Истрагата, која и е доверена на единицата за репресија на криминал на полицијата во Париз, треба да овозможи „да се идентификуваат” сторителите на оваа измама и да ги „запре овие дела”, изјави обвинителството .

Во соопштението објавено денеска, Фондацијата за наследство соопшти дека од своја страна поднела пријава при обвинителот во Париз и Гугл за измамнички сајт кој ги зема главните карактеристики на нејзината интернет адреса. „Фондацијата ги предупредува интернет корисниците за постоењето на измамничко собирање на донации за Нотр-Дам. Следната интернет страница е измамничка: https://donfondation-patrimoine-sauvonsnotredame.weebly.com/ “, се вели во ова соопштение.

„Овде измамниците ги преземаа главните карактеристики на нашиот УРЛ и ги ставија во друг редослед. Тоа што ги разоткрива е проширувањето на крајот од УРЛ-от “weebly.com”, кој е името на бесплатен генератор на веб-сајтови, “, рече директорот за односи со печатот на Фондацијата, Лоренс Леви .

Во средата Фондацијата објави дека бројни измами биле пријавени во Франција и во странство. Таа посочи дека од своја страна, не направила „никакви повици, преку пошта електронска пошта или телефон. Сите овие постапки се лажни”, инсистираше таа. Министерот за култура Франк Ристер се загрижи за зголемувањето на бројот на сајтови кои нудат да ја финансираат на реконструкцијата на Нотр-Дам.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/04/2019 19:15