Белата куќа денеска соопшти дека претседателот Доналд Трамп во понеделникот телефонски разговарал со либискиот воен командант Калифа Хафтар за „контратерористичките напори и потребата да се постигне мир и стабилност во Либија”.

Во соопштението се вели дека Трамп „ја признава важната улога на маршалот Хафтар во борбата против тероризмот и обезбедувањето на либиските нафтени ресурси“. Тие разговарале и за заедничката визија за транзицијата на Либија кон стабилен демократски политички систем.

Во борбите во Триполи, во последните две седмици загинаа 213 луѓе, покажуваат податоците на Светската здравствена организација. Во насилствата се повредени 1.009 лица, соопшти денеска СЗО.

Генерал Калифа Хафтар, командант на воените сили од источниот дел на Либија, на 4 април ги започна операциите за преземање на Триполи, по што дојде до сериозни судири во Триполи и неговата околина меѓу неговите сили и Владата на национално единство на Либија.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/04/2019 19:22