Суд во Еквадор нареди апсење на поранешниот министер за надворешни работи на таа земја Рикардо Патино поради наводно повикување на граѓаните да ги заземат јавните институции и да ги блокираат патиштата во минатата година.

Во видео-порака објавена на Интернет, патино вели дека е неправедно прогонуван поради повик на мирни протести против претседателот на Еквадор Ленин Морена.

Еквадорското обвинителство соопшти дека побарало помош од Интерпол за апсење на Патино, кој пак е сојузник на поранешниот претседател Рафаел Кореја, кој на Џулијан Асанж му додели азилантски статус во 2012 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/04/2019 12:26