Поранешниот светски шампион Виталиј Кличко изјави дека неговиот брат Владимир изгубил од Британецот Ентони Џошуа поради него. Борбата се одржа на 29 април 2017 година на „Вембли“. Во прашање беа ВБА Супер, ИБФ и ИБО титулите.

На тој меч Џошуа победи со технички нокаут во 11. рунда.

– Џошуа боксувал со многумина, но не покажа сериозен резултат. Единствениот кој го нокаутирал беше Владимир. Тој беше на чекор до победата. Му реков да не брза. Не очекував дека боксер со такви мускули би можел да биде во добра форма во втората половина на борбата. Затоа, верувам дека загубата на Владимир е моја грешка, изјави Виталиј.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/04/2019 16:45