Пилотот на Ферари во Формула 1, Шарл Лекелер, призна дека комплиментите за неговата изведба се задоволни, но тој ги цени многу повеќе позитивните резултати.
Дваесет и едно годишниот тркач импресионира со неговите први трки за Ферари, а небеше далеку и од првата победа во својата кариера. Во Бахреин, болидот го предаде, и од првото место, младиот пилот падна на третото место. Во другите две натпреварувања, Леклер доби наредби од тимот да го пушти колегата Себастијан Фетел пред него.
– Дали сум задоволен од дополнителното внимание? Никогаш не размислувам за тоа. Секогаш е многу убаво да се слушнат комплименти од Луис Хамилтон или Себастијан Фетел, како и од други гиганти во спортот. Многу е добро да се слушне сето ова, но од друга страна не трошам многу време размислувајќи за тоа. Јас само се обидувам да бидам подобар во секоја трка и да се концентрирам на слабостите во последното Гран При, за да ги поправам, додаде Леклер.