Романската тенисерка Симона Халеп и Шпанката Гарбине Мугуруза се повлекоа од ВТА турнирот во Штутгарт (Германија).

Халеп не успеа целосно да закрепне од повредата на левата нога, додека Мугуруза има цревна инфекција.

Така, пропадна можноста Халеп да ја нападне првата позиција на ВТА листа на Јапонката Наоми Осака.

Што се однесува до шпанската тенисерка, таа ќе пропушти можност за освојување нови ВТА поени, откако неодамна го освои трофејот во Монтереј (Мексико).



Автор: Администратор
Објавено на: 23/04/2019 14:52