Со прогласувањето на победниците и доделувањето на наградите од литературниот конкурс за најдобри поетски творби градската библиотека „Кочо Рацин“ од Тетово го одбележа Светскиот ден на книгата. Речиси илјада пријавени поетски и прозни творби стигнале во тетовската библиотека по повод литературниот конкурс.
– Се надеваме дека со ова ќе успееме да ги стимулираме учениците повеќе да се посветат на творењето, на читање книги и пишувањето, во време кога технологијата се повеќе станува дел од секојдневието-изјави директорката на библиотеката Њомза Имери Исмаили.
Прва награда за творба напишана на мајчин македонски јазик доби ученичката Бојана Анѓелковска од ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ од Теарце, за стихотворбата „Булка“.
Втора награда добија Давид Богоејвски од ОУ „Александар Здравковски“ од Јегуновце за песната „Домот во моето срце“ и Елена Дамјановска од ОУ „Кирил и Методиј“ – Тетово за песната „Гласник на зимата“.
Трета награда добија Томица Димовски од ОУ „Фаик Коница“ од Доброште, Ајлин Азизи од ОУ „Кирил и Методиј“ од Тетово и Магдалена Антоска од ОУ „Александар Здравковски“ од Јегуновце.
Во катероријата на албански јазик, победи Кренаре Исмаили од ОУ „Прпарими“ од Голема Речица за стихотворбата „Немој“. Второ место освоија Аниса Дењали и Амра Ќазими и двете од ОУ „Абдил Фрашери“ од Боговиње. Награди за трето место добија Едона Османи од ОУ „Сабедин Бајрами“ од Камењане, Блерат Гафури од ОУ „Дервиш Цара“ од Палчиште и Јилзана Амети од ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ од Теарце.
Пофалници и благодарници добија ученици од секое основно училиште како и менторите на пријавените.
Награди од Американско катче добија и ученици кои твореа на англиски јазик.