Утре во 11 часот во просториите на Европскиот Универзитет ќе се одржи промоција на книгата „Заштита на класифицирани информации“ на професорот Александар Нацев, Декан на Факултетот за детективи и криминалистика при ЕУРМ.
Промотори на книгата ќе биде професорот Атанас Козарев, професор на Факултетот за детективи и криминалистика и претседател на Асоцијацијата за корпоративна безбедност.
Книгата со наслов „Заштита на класифицирани информации“ е систематски и логички текст кој преку соодветна методолошка рамка обработува едно значајно подрачје од безбедносната теорија и практика, а тоа е заштита на класифицираните информации во услови кога се соочуваме со софистицирани безбедносни ризици и закани.
Целта на овој учебник е да даде теоретски и практичен модел во остварувањето на заштитата на класифицираните информации кои имаат детерминирачко значење за националната безбедност.