Завршниот тениски турнир кој последните десетина години се одржува во Лондон на крајот на сезоната, од 2021 до 2025 година ќе се игра во Торино.
Како што соопшти прес-службата на АТП, турнирот ќе се игра во најголемата затворена арена во Италија „Пала Алпитур“.
Торино ќе биде 15. град во историјата кој ќе биде домаќин на финалниот шампионат.
Оваа година, како и следната турнирот ќе се одржи во Лондон во „О2 Арена“. Во главниот град на Велика Британија, најсилниот турнир во светот за тенисери се одржува од 2009 година.